Во експлозија на возило-бомба на пазар во Африн во Сирија загинаа чртворица цивили, а 11 се ранети

Утрово околу 07:00 часот експлодира камион-ладилник со експлозив којшто бил оставен на пазарот за зеленчук во центарот на Африн во северозападниот дел на Сирија во близина на границата со Турција

1297712
Во експлозија на возило-бомба на пазар во Африн во Сирија загинаа чртворица цивили, а 11 се ранети

Во експлозија на возило-бомба во центарот на населеното место Африн, во подрачјето на операцијата Маслиново гранче, во северозападниот дел на Сирија во близина на границата со Турција, загинаа четворица цивили, а 11 цивили се ранети.

Во реализираниот терористички бомбашки напад утрово околу 07:00 часот експлодира камион ладилник со експлозив којшто бил оставен на пазарот за зеленчук во Африн. 

Според првични инфромации, во експлозијата загинаа четворица цивили кои работеле во пазарот, а 11 цивили се ранети.

Како што се дознава меѓу ранетите се наоѓаат и две деца. 

Поради експлозијата дојде и до пожар во пазарот.

Населеното место Африн, во северозападниот дел на Сирија во близина на границата со Турција, со реализација на операцијата Маслиново гранче на 18 март 2018 година беше ослободено од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, меѓутоа повремено продолжува да станува цел терористите кои реализираат напади со возила-бомби врз цивилите.



Слични вести