Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак од петокот досега се зголеми на 100 лица

Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак коишто и покрај воведениот полициски час продолжуваат непрекинато од петокот досега, за 6 дена, се зголеми на 100 лица

1297442
Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак од петокот досега се зголеми на 100 лица

Продолжуваат антивладините протести во Ирак кои што започнаа на 1 октомври потоа за извесно време беа прекинати и минатата недела од петокот повторно започнаа.

Бројот на загинатите во протестите коишто и покрај воведениот полициски час продолжуваат непрекинато од петокот досега, се зголеми на 100 лица.

Во објавеното писмено соопштение од Комесаријатот за човекови права при ирачкиот Парламент се истакнува дека во протестите коишто се одржуваат од петокот наваму во главниот град Багдад и во некои централни и јужни градови на земјата, за 6 дена загинаа 100 лица.

Во соопштението се вели дека бројот на повредените припадници на ирачките безбедносни сили и учесниците на протестите пак се зголеми на приближно 5.500 лица.

Инаку, Ирачаните веќе извесно време како организираат антивладини протести во различни делови на земјата на чело со главниот град Багдад, на кои протестираат против невработеноста, корупцијата и недостатокот од јавни услуги во земјата.

Протестите кои започнаа на 1 октомври, поради церемониите Ербаин за извесно време беа прекинати, а потоа минатата недела во петокот започнаа повторно.

И покрај воведениот полициски час протестите никако не стивнуваат.



Слични вести