Британскиот Парламент го усвои нацрт-законот за одржување на предвремени избори на 12 декември

Нацрт-законот на британската влада за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 декември за кој што се гласаше во Долниот дом на Парламентот, беше усвоен со гласовите на 438 пратеници, додека 20 пратеници беа против

1296939
Британскиот Парламент го усвои нацрт-законот за одржување на предвремени избори на 12 декември

Долниот дом на британскиот Парламент донесе одлука за одржување предвремени парламентарни избори на 12 декември.

Нацрт-законот на британската влада за предвремени парламентарни избори за кој што се гласаше во Долниот дом на Парламентот беше усвоен со гласовите на 438 пратеници, додека 20 пратеници беа против.

Нацртот ќе биде озаконот откако ќе биде одобрен и во Горниот дом (Домот на лордовите) и од страна на британската кралица Елизабета втора.

Законодавната година на Долниот дом на британскиот Парламент ќе заврши на средината на идната недела и кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 12 декември ќе ги започнат своите предизборни кампањи во своите изборни места.

Меѓутоа, буди загриженост некои опозициски партии пред да биде затворен Парламентот да поведат иницијатива за озаконување, т.ј. усвојување на договорот којшто британскиот премиер Борис Џонсон го постигна со Европската унија (ЕУ), минатата недела. Во тој случај Велика Британија би можела да се оддели од Европската унија (ЕУ), односно да се оствари Брегзит, дури и пред предвремените избори.

Според спроведените последни анкети во Велика Британија, на закажните предвремени парламентарни избори на 12 декември Конзервативната партија ќе освои 37 отсто, Работничката (Лабуристичката) партија 22 отсто, Либералната демократска партија 19, Партијата Брегзит 11, зелената партија 7 и Шкотската национална партија 4 отсто од гласовите на британските бирачи.

Инаку, Европската унија (ЕУ) на барање на Велика Британија завчера запали зелено светло за одложување на Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ) до 31 јануари, а воедно и британскиот премиер Борис Џонсон испрати писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во кое информира дека во име на британската влада го прифаќа одложувањето на Брегзит.



Слични вести