Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 21 лице
Талибанските милитанти реализирале напад врз населеното место Акча во провинцијата Џузџан и во нападот загинале 21 лице од кои 20 припадници на безбедносните сили и еден цивил, а 5 мина полицајци биле ранети

Во реализиран напад од страна на талибанските милитанти врз населеното место Акча во провинцијата Џузџан во северниот дел на Авганистан загинаа 21 лице од кои 20 припадници на безбедносните сили и еден цивил, а 5 мина полицајци се ранети.
Кајмакамот на населеното место Акча Гулам Сахи Субхани во дадената изјава за печатот истакна дека талибанските милитанти реализирале напад врз калето Балахисар во центарот на населеното место Акча и дека притоа во нападот загинале 21 лице од кои 20 припадници на безбедносните сили и еден цивил, а 5 мина полицајци биле ранети.
Субхани рече дека по нападот контролата со калето преминала во рацете на Талибан и воедно талибанските милитанти заробиле и 5 мина припадници на безбедносните сили.
Во објавеното соопштение од Талибан пак, се тврди дека во нападот биле убиени 27 војници.