Посмртните останки на водачот на ДЕАШ Багдади биле погребани во морето

Еден анонимен американски функционер за одбрана во дадената изјава за новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency-AA), потврди дека посмртните останки на Багдади се погребани во морето

1296476
Посмртните останки на водачот на ДЕАШ Багдади биле погребани во морето

Како што се истакнува посмртните останки на водачот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади кој беше убиен во реализирана операција од страна на САД на крајот на неделата во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, биле погребани во морето.

Посмртните останки на Багдади од местото на операцијата беа однесени на ДНК-тест и потоа се појави заинтересираност во јавноста за тоа што стана со неговите посмртни останки.

Во однос на ова прашање еден анонимен американски функционер за одбрана во дадената изјава за новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency-AA), потврди дека посмртните останки на Багдади се погребани во морето.

Истиот функционери рече дека нема да ги сподели деталите во врска со местото каде е погребано мртвото тело и начинот на кој тоа е извршено.

Претходно началникот на Генералштабот на Армијата на САД  генерал Марк Мејли кој одговараше на прашањата во врска со тоа дали посмртните останки на водачот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади се пограбни во морето, истакна дека посмртните останки се уништени во согласност со меѓународното воено право.

Инаку, терористичкиот водач Багдади беше убиен во реализирана операција од страна на американските специјални сили со 8 хеликоптери во северниот дел на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека за време на операцијата Багдади влегол во едниот од тунелите без излез под неговата куќата и потоа се разнел активирајќи го самоубиствениот елек на себе и загинал заедно со своите три деца.



Слични вести