Поради антивладините протести воведен полициски час во главниот град на Ирак, Багдад

Во главниот град на Ирак, Багдад, е воведен полициски час поради антивладините протести коишто продолжуваат извесно време во оваа земја

1296282
Поради антивладините протести воведен полициски час во главниот град на Ирак, Багдад

Поради антивладините протести коишто извесно време продолжуваат во Ирак, во главниот град Багдад е воведен полициски час.

Според објавеното писмено соопштение од Командата за операции во Багдад,  е воведена забрана за излегување и движење по улиците во главниот град од 00:00 - 06:00 часот.

Во однос на тоа пак кога ќе се укине полицискиот час не беа доставени информации.

Од друга страна, додека продолжуваат антивладините протести ирачкиот Парламент донесе низа одлуки за исполнување на некои барања коишто се истакнуваат на протестите.

Така според објавеното писмено соопштение од Парламентот, со мнозинство гласови е донесена одлука за укинување на собранијата на губерниите, населените места и месните заедници.

Одговорноста за водење на административните и финансиските работи во градовите им е дадена на гувернерите, додека надлежноста за контрола на гувернерите ќе биде во ирачкиот Парламент. 

Се укинати и исплатите надвор од платите и другите привилегии коишто им беа признати на претседателот на државата, премиерот и претседателот на Парламентот, како и на сите други високи функционери.

Освен тоа, е донесена одлука за формирање на комисија за измена на Уставот. Согласно тоа, нацртот за измена на Уставот којшто ќе биде подготвен од Комисијата најдоцна во рок од 4 месеци ќе биде доставен до претседателството на Парламентот.

Инаку, Ирачаните веќе извесно време како организираат протести во различни делови на земјата во знак на протестирање против невработеноста, корупцијата и недостатокот од јавни услуги. Протестите кои започнаа на 1 октомври поради церемониите Ербаин беа прекинати, а потоа во петокот започнаа повторно.

На протестите, кои освен во главниот град Багдад се проширија и во централните и јужните градови на Ирак, од почетокот на октомври досега животот го загубија приближно 200 лица, а околу 8.000 се повредени.



Слични вести