Помпео му честита на Алберто Фернандес за победата на претседателските избори во Аргентина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во објавеното писмено соопшение го истакна следното: „По успешните избори на 27 октомври ние сме подготвени да работиме со Алберто Фернандес кој стана нов претседател на Аргентина.“

1296400
Помпео му честита на Алберто Фернандес за победата на претседателските избори во Аргентина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео му честита на Алберто Фернандес кој победи на одржаните претседателски избори и се стекна со право да стане нов претседател на Аргентина.

Помпео објави писмено соопштение во кое му честита на аргентинскиот народ поради изборите коишто ги окарактеризира како „успешни“.

Мајк Помпео го истакна следното: „По успешните избори на 27 октомври ние сме подготвени да работиме со Алберто Фернандес кој стана нов претседател на Аргентина.“

Нагласувајќи дека помеѓу САД и Аргентина постојат взаемни интереси, Помпео ја изнесе следната констатација: "Со нетрпение чекаме да работиме со управата на Фернандес за развивање на регионалната безбедност, просперитетот и владеењето на правото." 

Инаку, на одржаните претседателски избори во Аргентина во неделата, коалицијата Фронтот за сите како претставник на перонизмот освои 48 отсто од важечките гласови и Алберто Фернандес стана нов претседател на земјата, а поранешната претседателка Кристина Киршнер стана потпретседателка.

Инаку, перонизмот којшто како политичко движење поделено на различни гранки се уште го зачувува своето место во политиката во Аргентина, со сфаќањето за социјална правда и национализам беше формирано посветено на поранешниот претседател Хуан Доминго Перон.



Слични вести