На протестите во ирачкиот град Кербала синоќа загинаа 18 лица, а повеќе од 800 се повредени

Али Бејатли, членот на Високиот независен комесаријат за човекови права на Ирак, рече: Според добиени информации од активисти и невладини претставници во Кербела, на протестите во понеделникот вечер загинаа 18 лица, а повеќе од 800 лица се повредени“

1296560
На протестите во ирачкиот град Кербала синоќа загинаа 18 лица, а повеќе од 800 се повредени

За време на интервенцијата на ирачките безбедносни сили врз демонстрантите синоќа во градот Кербела (Кербала) во јужниот град на Ирак, животот го загубија најмалку 18 лица, а повеќе од 800 лица се повредени.

Али Бејатли, членот на Високиот независен комесаријат за човекови права на Ирак, во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Според добиени информации од активисти и невладини претставници во Кербела, на протестите во понеделникот вечер загинаа 18 лица, а повеќе од 800 лица се повредени.“ 

Ирачките безбедносни сили интервенираа на вчерашните протести во јужниот град Кербела (Кербала) при што некои снимки во врска со оваа интервенција беа објавени и на социјалните медиуми.

Гувернерот на Кербела Нусајф Турајхи пак, на одржаниот состанок за печатот со воените команданти во Кербела тврдеше дека нема загинати меѓу демонстрантите во градот.

Според податоците на Високиот независен комесаријат за човекови права на Ирак, бројот на загинатите во антивладините протести кои започнаа повторно на 25 октомври во петокот, во главниот град Багдад и во други централни и јужни градови во земјата се зголеми на 92 лица.

Ирачаните веќе извесно време како организираат протести во различни делови на земјата во знак на протестирање против невработеноста, корупцијата и недостатокот од јавни услуги. Протестите кои започнаа на 1 октомври поради церемониите Ербаин за извесно време беа прекинати, а потоа во петокот започнаа повторно.

На протестите, кои освен во главниот град Багдад се проширија и во централните и јужните градови на Ирак, од почетокот на октомври досега животот го загубија приближно 200 лица, а околу 8.000 се повредени.



Слични вести