Израелските сили притворија 15 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се тврди дека притворените лица за време на синоќешните реализирани упади во различни области на Западниот Брег биле „замешани во терористички акции“

1296600
Израелските сили притворија 15 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Израелските сили притворија 15 Палестинци на окупираниот Западен Брег.

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се тврди дека притворените лица за време на синоќешните реализирани упади во различни области на Западниот Брег биле „замешани во терористички акции“. 

Во соопштението се истакнува дека притворените 15 Палестинци биле испратени во центарот за притвор во областа.

Инаку, израелските сили често реализираат упади по куќите на Палестинците на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) и под различни тврдења и изговори ги притвораат Палестинците.

По овие зачестени притвори на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), некои од Палестинците, меѓу кои има и жени и деца, се држат со денови во центрите за притвор.



Слични вести