Британскиот Парламент по трет пат го одби предлогот на премиерот Џонсон за предвремени избори

Предлогот на британскиот премиер Борис Џонсон за којшто беше гласано во Долниот дом на Парламентот беше одбиен со 299 гласа „Против“ наспроти 70 гласа „За“

1296401
Британскиот Парламент по трет пат го одби предлогот на премиерот Џонсон за предвремени избори

Британскиот Парламент по трет пат го одби предлогот на премиерот Борис Џонсон со кој се предвидува да се оди на предвремени парламентарни избори.

Во предлогот се бараше предвремените избори да се одржат на 12 декември.

Предлогот на британскиот премиер Борис Џонсон за којшто беше гласано во Долниот дом на Парламентот беше одбиен со 299 гласа „Против“ наспроти 70 гласа „За“.

Со тоа предлогот не можеше да го добие потребното мнозинство за одобрување во Парламентот.

Според британскиот закон, за да се распишат предвремени парламентарни избори во земјата потребно е да се добие двотретинско мнозинство во Парламентот.

Како што се истакнува, премиерот Борис Џонсон повторно ќе побара да се оди на предвремени избори.

Од друга страна пак, опозициските партии бараат наместо да се оди на предвремени парламентарни избори да се крене од преговарачката маса со Европската унија (ЕУ) Брегзит без договор.

Инаку, британскиот премиер Борис Џонсон претходно постигнатиот Договор за Брегзит со Европската унија (ЕУ) не успеа да го изгласа од Долниот дом на Парламентот.

Европската унија (ЕУ) пак, го прифати барањето на Велика Британија за флексибилно одложување на Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ) до 31 јануари 2020 година.

 



Слични вести