Во терористички напади во северниот дел на Сирија загинаа двајца цивили, а 10 мина се ранети

Терористичките напади беа реализирани во месноста Сулук која беше ослободена од терористичката организација ЈПГ/ПКК во операцијата Извор на мирот и во месноста Чобанбеј која исто така беше ослободена од ЈПГ/ПКК за време на операцијата Еуфратски штит

1296112
Во терористички напади во северниот дел на Сирија загинаа двајца цивили, а 10 мина се ранети

Во реализирани терористички напади во подрачјата на операцијата Извор на мирот и операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија, загинаа двајца цивили, а 10 цивили се ранети.

Терористичките напади беа реализирани во месноста Сулук која беше ослободена од терористичката организација ЈПГ/ПКК во рамките на операцијата Извор на мирот и во месноста Чобанбеј која исто така беше ослободена од ЈПГ/ПКК за време на операцијата Еуфратски штит.  

Во терористичкиот напад со возило-бомба во месноста Сулук во југоисточниот дел на Тел Абјад загина еден цивил, а 7 мина се ранети.

На југот на месноста Чобанбеј во близина на границата помеѓу Турција и Сирија, на сириска страна од границата пак, во експлозија на мина поставена на еден пат загина еден цивил, а тројца се ранети.

Ранетите лица се префрлени на лекување во болницата во Чобанбеј. 

Војниците на Сириската национална армија (СНА) и локалните безбедносни сили кои пристигнаа на местата кадешто беа реализирани терористичките напади, стојат на можноста дека се реализирани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.



Слични вести