Русија испрати десетици дополнителни оклопни возила во Сирија

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во воздушната база Химејмим во Сирија пристигнаа десетици оклопни возила коишто се испратени за патролирање во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија во Сочи

1295513
Русија испрати десетици дополнителни оклопни возила во Сирија

Руското Министерство за одбрана, согласно постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија во Сочи испрати десетици дополнителни оклопни возила во Сирија кои ќе учествуваат во патролите во безбедната зона.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството се истакнува дека во воздушната база Химејмим во Сирија пристигнаа десетици оклопни возила коишто се испратени за патролирање во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија во Сочи.

Како што се истакнува, возилата се наменети за руската воена полиција која ќе помогне во вадењето на елементите на терористичката организација ЈПГ/ПКК и нивното оружје на длабочина од 30 километри од ририско-турската граница.

Министерството за одбрана на Русија претходно информира дека на турско-сириската граница пристигнаа приближно 300 припадници на руската воена полиција.



Слични вести