Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак се зголеми на 63 лица

Во објавеното писмено соопштение од Независниот Висок комесаријат за човекови права се истакнува дека бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак коишто започнаа повторно во петокот се зголеми на 63 лица, а 2.592 лица се повредени

1295335
Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак се зголеми на 63 лица

Бројот на загинатите во антивладините протести коишто извесно време продолжуваат во главниот град Багдад и во јужните градови на оваа земја се зголеми на 63 лица, а 2.592 лица се повредени.

Во објавеното писмено соопштение од Независниот Висок комесаријат за човекови права се истакнува дека во антивладините протести коишто започнаа повторно во главниот град Багдад загинаа 10 лица, во Мејсан 14 лица, Зикар 15,  Басра 7, Мусена 1, а во Вавилон и во Диваније по 4 лица, со што вкупниот број на загинатите во протестите се зголеми на 63 лица. 

Во соопштението воедно се вели дека бројот на повредените во протестите, меѓу кои има и припадници на безбедносните сили, се зголеми на 2.592 лица. 

Инаку, Ирачаните поради корупцијата и недоволноста од јавни услуги одржуваат протести во различни делови на земјата, на чело со главниот град Багдад.

Демонстрантите кои преминаа во акција на 1 октомври, вчера ги започнаа повторно протестите во кои беше направена пауза поради церемониите Ербаин.

Од почетокот на антивладините протести кои се проширија во централните и јужните делови на земјата, а пред се во главниот град Багдад, од почетокот на овој месец досега животот го загубија приближно 200 лица, а некаде околу 8 илјади лица се повредени.



Слични вести