Руската воена полиција реализира патрола на нова рута во северниот дел на Сирија

Руското министерство за одбрана соопшти дека руската воена полиција реализира патрола на нова рута во северниот дел на Сирија

1295174
Руската воена полиција реализира патрола на нова рута во северниот дел на Сирија

Руското министерство за одбрана соопшти дека, согласно постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија руската воена полиција реализира патрола на нова рута во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се истакнува дека руската воена полиција продолжува да ја извршува својата задача во согласност со постигнатиот договор во Сочи и се вели следното: „Руската воена полиција реализира патрола на нова рута во должина на границата помеѓу Сирија и Турција. Вкупната должина на патот по којшто е патролирано од градот Камшили во северниот дел на Сирија до населеното место Матал и оттаму назад, изнесува повеќе од 210 километри.“

Во соопштението на руското Министерство за одбрана стои дека согласно постигнатиот договор руската воена полиција со реализирање на патроли во определените области помага во воспоставување на безбедноста на цивилите и правниот поредок во овие места, а воедно се додава дека руската воена полиција продолжува да помага во вадењето на терористичката организација ЈПГ/ПКК на 30 километри од сириско-турската граница.



Слични вести