Јенс Столтенберг: НАТО сојузниците ги прифаќаат легитимните безбедносни грижи на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека сојузничките земји водат „отворена и искрена“ дискусија во врска со случувањата во североисточниот дел на Сирија и фокусирајќи се на „иднината“ го поддржуваат политичкото решение

1294396
Јенс Столтенберг: НАТО сојузниците ги прифаќаат легитимните безбедносни грижи на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по првите седници од вчерашниот прв ден на состанокот на Министрите за одбрана на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел, одржа состанок за печатот. 

Столтенберг истакна дека сојузничките земји водат „отворена и искрена“ дискусија во врска со случувањата во североисточниот дел на Сирија и фокусирајќи се на „иднината“ го поддржуваат политичкото решение.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е постигната согласност со членките на Сојузот по прашањето на зголемување на напорите за изнаоѓање политичко решение во Сирија.

Привлекувајќи внимание дека помеѓу членките на НАТО постојат различни ставови по прашањето со Сирија, Столтенберг рече: „По прашањето со Сирија водевме 'отворена и искрена' дискусија. Сите сојузници се фокусирани на иднината. Под светлината на последните случувања во значителна мера е намалено насилството. На оваа основа постигнавме согласност за зголемување на напорите за политичко решение во Сирија.“

Столтенберг напомена дека НАТО сојузниците ги прифаќаат легитимните безбедносни грижи на  Турција и подвлече дека за да се воспостават мирот и стабилноста во регионот треба да се преземе поголема меѓународна одговорност.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг додаде дека сојузниците истовремено се едногласни да ги исполнат своите ветувања во врска со операцијата и мисиите во регионот и да ги зачуваат своите придобивки против ДЕАШ.



Слични вести