Во вооружени судири помеѓу владините сили и Хусите во Јемен загинаа 25 Хуси

Во вооружените судири до кои што дошло по обидот за напад на Хусите врз областа Ет-Тине во провинцијата Хаџе во Јемен загинале 25 припадници на Хусите, а голем број Хуси милитанти биле ранети

1293818
Во вооружени судири помеѓу владините сили и Хусите во Јемен загинаа 25 Хуси

Во вооружени судири помеѓу владините сили во провинцијата Хаџе и Хусите во Јемен загинале 25 Хуси.

Според објавеното писмено соопштение од петтата воена регионална канцеларија за печат на јеменската армија, Хусите во провинциите Абс и Хаџе во северниот дел на земјата се обиделе да извршат напад на областа Ет-Тине во западниот дел.

Во вооружените судири до кои што дошло по обидот за напад биле убиени 25 припадници на Хусите, а голем број Хуси милитанти биле ранети.

Инаку, во Јемен каде што долги години како владее политичка нестабилност, продолжуваат да се водат вооружени судири помешу Хусите и владините сили.

Хусите, од септември 2014 година досега ги држат под контрола главниот град Сана и некои други области на Јемен, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат легитимната влада на Јемен во борбата против Хусите.



Слични вести