Руските сили ја реализираа својата прва патрола во северниот дел на Сирија

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека согласно со потпишаниот договор помеѓу Турција и Русија на 22 октомври во Сочи вчера руската воена полиција ја реализира својата прва патрола на утврдената рута во северниот дел на Сирија

1293660
Руските сили ја реализираа својата прва патрола во северниот дел на Сирија

Руската воена полиција во согласност со постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија, ја реализира својата прва патрола во северниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение од руското Министерство за одбрана се истакнува дека согласно потпишаниот договор помеѓу Турција и Русија на 22 октомври во Сочи, вчера руската воена полиција ја реализира својата прва патрола на утврдената рута во северниот дел на Сирија.

Имено, во членот 5 од меморандумот за којшто се договорија претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се предвидува „Почнувајќи од 23 октомври 2019 година од 12:00 часот руската воена полиција и сириската погранична гарда да влезат во областите надвор од подрачјето на операцијата Извор на мирот на сириска страна од границата помеѓу Турција и Сирија, а со цел да се обезбеди елементите на ЈПГ и оружјето да бидат извадени надвор од пограничниот појас во длабочина од 30 километри од турско-сириската граница и овие активности да бидат завршени во рок од 150 часа.“



Слични вести