Русија испрати два свои авиони стратешки бомбардери во Јужноафриканската Република

Два руски воени авиони стратешки бомбардери се спуштија во воената база Вотерклуф во градот Тшване во Јужноафриканската Република

1293849
Русија испрати два свои авиони стратешки бомбардери во Јужноафриканската Република

Русија испрати за Јужноафриканската Република два свои авиони стратешки бомбардери од типот „Ту-160“ познати како „Blackjack“, а во рамките на договорот за соработка со оваа земја во сферата на одбраната.

Во вестите објавени во локалните медиуми се истакнува дека два руски воени авиони стратешки бомбардери се спуштиле во воената база Вотерклуф во градот Тшване во Јужноафриканската Република.

Во објавеното соопштение од Силите за одбрана на Јужна Африка пак, се истакнува следното: „Воените односи помеѓу двете земји не се потпираат само на политичка борба, туку истовремено на односи од заеднички интерес.“

Внимание привлече тоа што двата авиони стратешки бомбардери на Русија се испратени во Јужноафриканската Република за време на одржување на Руско-африканскиот самит и економски форум во градот Сочи, на црноморскиот брег.



Слични вести