Русија: Елементите на терористичката ПКК/ЈПГ почнаа да се повлекуваат од областа

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин соопшти дека елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ почнаа да се повлекуваат од областа во пограничниот појас на сириска страна од границата со Турција

1294192
Русија: Елементите на терористичката ПКК/ЈПГ почнаа да се повлекуваат од областа

Русија соопшти дека елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ почнаа да се повлекуваат од областа во пограничниот појас на сириска страна од границата со Турција.

Соопштението пристигна од рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.

Во меѓувреме, Русија ќе испрати и дополнителни полициски сили во пограничниот појас помеѓу Турција и Сирија, на сириска територија.

Во веста на руската новинска агенција „РИА Новости“ ослонувајќи се на изјавите на функционери на руското министерство за одбрана се истакнува дека Москва во областа ќе испрати дополнителни 276 припадници на полициските сили и воена опрема.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган завчера, во вторникот (22 октомври) во Сочи се состана со рускиот претседател Владимир Путин и притоа беше постигнат договор по прашањето на тоа дека почнувајќи од 23 октомври од 12:00 часот во рок од 150 часа терористите на ЈПГ и нивното оружје ќе бидат извадени надвор од просторот од 30 километри во пограничниот појас помеѓу Турција и Сирија.

Беше соопштено дека откако ќе истече рокот од 150 часа, западно и источно од границите на областа на операцијата Извор на мирот, на длабочина од 10 километри ќе започнат турско-руските патроли.



Слични вести