ОН: Го дочекуваме со задоволство секој напор за намалување на затегнатоста во Сирија

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Гутерес, Фархан Хаг истакна дека се дочекува со задоволство секој напор за намалување на затегнатоста во Сирија

1293627
ОН: Го дочекуваме со задоволство секој напор за намалување на затегнатоста во Сирија

Фархан Хаг, еден од портпаролите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, на одржаниот редовен дневен брифинг за печатот даде изјави во врска со постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија за североисточниот дел на Сирија.

Фархан Хаг рече: „Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), за намалување на затегнатоста и заштита на цивилите го дочекува со задоволство секој напор во рамките на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното хуманитарно право.“

Хаг истакна дека ги следат одблизу случувањата во регионот и постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија.

Велејќи дека враќањето на бегалците пак, треба да се оствари доброволно, безбедно и достоинствено, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Фархан Хаг информира дека специјалниот пратеник на ОН за Сирија Геир О. Педерсен на 30 октомври ќе го состане Уставниот комитет за Сирија, во Женева.



Слични вести