Мртвото тело на убиеното палестинско момче предадено на неговото семејство после една година

Комитетот за население и административни прашања на Палестина во Газа соопшти дека мртвото тело на 17 годишното палестинско момче Имад Шахин му е предадено од страна на израелските власти на неговото семејство после една година од неговото убиство

1293636
Мртвото тело на убиеното палестинско момче предадено на неговото семејство после една година

Мртвото тело на 17-годишното палестинско момче Имад Шахин кое во ноември минатата година беше убиено од страна на израелските војници во пограничната област на Појасот Газа, му е предадено на неговото семејство после една година.

Комитетот за население и административни прашања на Палестина во Газа соопшти дека мртвото тело на 17 годишното палестинско момче Имад Шахин му е предадено од страна на израелските власти на неговото семејство после една година од неговото убиство. 

Мртвото тело на убиеното палестинско момче му било предадено на неговото семејство на граничниот премин Бејт Ханун (Ерез).

17 годишниот Имад Шахин беше убиено од страна на израелските сили на 3 ноември 2018 година за време на протестите  на границата со Израел во источниот дел на Појасот Газа познати под името „Големиот марш за враќање“.

Инаку, Палестинците од 30 март 2018 година на израелската граница во источниот дел на Појасот Газа секој петок одржуваат мирољубиви протести под името „Големиот марш за  враќање“.

Израелските војници пак, пукаат со вистински куршуми врз цивилниот народ кој бара да се врати назад на своите територии од кои беше прогонет и да биде укината незаконската блокада врз Газа која што се применува од 2006 година.



Слични вести