Еспер: Треба да се работи заедно за зајакнување на партнерството со Турција

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер истакна дека треба да се развијат односите со Турција и укажа на тоа дека има потреба да се работи заедно за зајакнување на партнерството со Турција

1294247
Еспер: Треба да се работи заедно за зајакнување на партнерството со Турција

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер кој во рамките на состанокот на Министрите за одбрана на НАТО престојува во главниот град на Белгија, Брисел, говореше на манифестацијата организирана од страна на тинг-тенг организацијата "Џерман Маршал Фонд". 

Еспер истакна дека треба да се развијат односите со Турција и укажа на тоа дека има потреба да се работи заедно за зајакнување на партнерството со Турција.

„Во врска со тоа како ќе се развијат односите со Турција треба да се вложуваат напори во рамките и на односите на НАТО и на билатералните односи. Треба да продолжиме да водиме активности во оваа насока. Во тие рамки воените односи се од големо значење. Би можеле да почнеме одовде." - рече Еспер. 

Укажувајќи на тоа дека САД се обидоа да ја спречат операцијата Извор на мирот, но дека Турција беше одлучна по ова прашање уште од почетокот, Еспер рече: "Турција ја изнесе својата вознемиреност и кога воспоставивме партнерство со СДФ (ЈПГ/ПКК) во 2014 година. Во подрачјето реализираа и две операции. Затоа одлучноста на Турција не е зачудувачка." 

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер го додаде и следното: "Не станува збор да се влезе во војна со Турција која уште од нејзиното членство во НАТО во 1952 година е многу добар сојузник. Нашето работење со Курдите (ЈПГ/ПКК) беше за поразување на ДЕАШ. Ним никогаш не им ветивме дека ќе им помогнеме да формираат автономна држава или дека ќе ги браниме против Турците."



Слични вести