Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК врз Азез загинаа четворица војници на Сириската национална армија

Терористите на ЈПГ/ПКК од Тел Рифат утрово се обидоа да реализираат едновремени префрлувања во населеното место Азез при што во судирот до којшто дојде загинаа четворица војници на Сириската национална армија (СНА), а 7 војници се ранети

1293346
Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК врз Азез загинаа четворица војници на Сириската национална армија

Терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со цел да се префрлат во населеното место Азез, реализираа напад од областа на населеното место Тел Рифат, којашто ја држат под окупација, при што животот го загубија четворица војници на Сириската национална армија (СНА), а 7 војници се ранети.

Терористите на ЈПГ/ПКК утрово се обидоа да реализираат едновремени префрлувања на фронтовата линија Кафар Калбин и Кафаркашер јужно од населеното место Азез.

Притоа дојде до судир во кој беше употребено и тешко оружје, помеѓу припадниците на терористичката организација и војниците на Сириската национална армија (СНА) кои се обидоа да го спречат овој обид за префрлување на терористите.

Во судирот загинаа четворица војници на Сириската национална армија (СНА), а 7 војници се ранети.

Освен тоа, терористите реализираа напад со хаубица и од селото Маранез кое го држат под окупација врз воената база во Азез. Воената база беше погодена со 4 гранати од хаубица.

Турксите вооружени сили (ТВС или TSK), по вооружениот судир во утринските часови, ги гаѓаа позициите на терористите на ЈПГ/ПКК распоредени во Тел Рифат.

Инаку, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која со операцијата Маслиново гранче беше извадена од Африн, го продолжува своето присуство во подрајето на Тел Рифат. 

Терористите вгнездени во ова подрачје, оттука често реализираат напади врз населените места под конртола на Сириската национална армија (СНА).



Слични вести