Трамп со нова порака преку Твитер: Постигнат голем успех на турско-сириската граница

Трамп на својата сметка на социјална мрежа Твитер напиша: „Голем успех на турско-сириската граница. Создадена е безбедна зона. Прекинот на огнот продолжи и завршија борбените мисии.“

1293473
Трамп со нова порака преку Твитер: Постигнат голем успех на турско-сириската граница

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, по постигнатиот договор вчера во Сочи помеѓу Турција и Русија, истакна дека е постигнат голем успех на границата на Турција и Сирија и е формирана безбедна зона.

Трамп напиша: „Голем успех на турско-сириската граница. Создадена е безбедна зона. Прекинот на огнот продолжи и завршија борбените мисии.“

Доналд Трамп во својата објава истакна дека „е воспоставена безбедноста и со затворените припадници на ДЕАШ“.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин вчера во Сочи соопштија дека постигнаа договор во однос на текстот на спогодбата составен од 10 члена, а во врска со северниот дел на Сирија.



Слични вести