Руските сили влегоа во Ајн ел-Араб во близина на турско-сириската граница

„Руски воен полициски конвој влезе во Ајн ел-Араб (Кобани) во близина на турско-сириската граница.“ - соопшти Министерството за одбрана на Русија

1293420
Руските сили влегоа во Ајн ел-Араб во близина на турско-сириската граница

Руското Министерство за одбрана соопшти дека конвој на руската воена полиција влезе во населеното место Ајн ел-Араб (Кобани) во непосредна близина на границата помеѓу Турција и Сирија.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Русија беа дадени информации во врска со последните случувања во правец на постигнатиот договор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на остварената средба во Сочи, вчера на 22 октомври.

Во соопштението се истакнува дека рускиот воен полициски конвој тргнал кон североисточниот дел на Сирија и дека рускиот воен полициски конвој ќе патролира во соседните области на областа на операцијата Извор на мирот и ќе обезбеди терористите припадници на сепараистичко-терористичката организација да се повлечат.

Во истото соопштение се вели дека во рамките на постигнатиот договор во Сочи се фрлаат чекори и кон источниот дел на реката Еуфрат и стои следното: „Руски воен полициски конвој влезе во Ајн ел-Араб (Кобани) во близина на турско-сириската граница. Руските функциоенри се состанаа со претставниците на локалната самоуправа и разговараа за прашања поврзани со нивните задачи коишто треба да бидат извршени.“

Инаку, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска беше гостин на уредничкиот деск на новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency-AA) каде што меѓеу другото рече: „Вклучувајќи го и Ајн ел-Араб (Кобани) терористите на ЈПГ, од страна на руските сили и режимот ќе бидат испратени на 30 километри надолу и овие места ќе бидат исчистени и од нивното оружје.“



Слични вести