Русија се противи на предлогот за „безбедна зона на северот на Сирија под меѓународна контрола“

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин истакна дека неговата земја е против предлогот на Германија за „формирање безбедна зона во северниот дел на Сирија која ќе биде под меѓународна контрола“

1293547
Русија се противи на предлогот за „безбедна зона на северот на Сирија под меѓународна контрола“

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин во дадената изјава за руската новинска агенција „РИА Новости“ направи проценки во врска со постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија, вчера во Сочи.

Вершинин истакна дека неговата земја е против предлогот на Германија за „формирање безбедна зона во северниот дел на Сирија која ќе биде под меѓународна контрола“.

„Сметаме дека постигнатиот договор во Сочи, претставува решение за проблемот во североисточниот дел на Сирија. Не мислме дека постои потреба од формирање на безбедна зона овде под меѓународна контрола.“ - рече рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.

Инаку, германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер во дадената изјава пред извесно време истакна дека нејзината земја предложува во северниот дел на Сирија да се формира „безбедна зона која ќе биде под меѓународна контрола“.



Слични вести