Одбиен предлог-законот на премиерот Џонсон за усвојување на Договорот за Брегзит во рок од три дена

На гласањето во Долниот дом 308 пратеници се изјаснија „за“, а 322 пратеници гласаа „против“ со што беше одбиен предлог-законот на британскиот премиер Борис Џонсон за усвојување на Брегзитот во рок од три дена

1292838
Одбиен предлог-законот на премиерот Џонсон за усвојување на Договорот за Брегзит во рок од три дена

Британските пратеници го одобрија предлог-законот на премиерот Борис Џонсон за Брегзит (излез на Велика Британија од Европската унија), меѓутоа одбија да биде усвоен за три дена во Долниот дом на Парламентот.

По ваквиот добиен резултат на гласањето, британскиот премиер Џонсон истакна дека ќе ја стави на пауза легислативата за Брегзит и дека повторно ќе се консултира со лидерите од Европската Унија.

Имено, британската Влада побара Долниот дом на Парламентот да го одобри предлог-законот во рок од три дена, а потоа да го испрати до Горниот дом на Парламентот за да биде озаконет пред 31 октомври, со што Велика Британија би можела да ја напушти Европската унија (ЕУ) на 31 октомври како што беше закажано.

Меѓутоа, на гласањето во Долниот дом 308 пратеници се изјаснија „за“, а 322 пратеници гласаа „против“ краткиот рок со којшто на Парламентот му се даваа три дена да расправа за предлог-законот.

На првото гласање 329 пратеници гласаа „за“ испраќање на предлог-законот за Брегзит на понатамошно разгледување, а 299 беа „против“.



Слични вести