Жан-Клод Јункер: Брегзит претставува залудно губење време и енергија

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер истакна дека Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија) претставува залудно губење време и енергија

1292401
Жан-Клод Јункер: Брегзит претставува залудно губење време и енергија

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер во своето обраќање пред Генералното собрание на Европскиот парламент (ЕП) во францускиот град Стразбур направи проценка на лидерскиот самит на ЕУ кој што се одржа минатата недела.

Јункер истакна дека Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија) претставува залудно губење време и енергија.

Јункер, одлуката за незапочнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија ја окарактеризира како „голема разочараност и грешка“. 

„Оваа одлука влијае длабоко на двете земји. Истовремено, никој не може да има доверба во Европа која ветува, а не го одржува своето ветување.“ - рече Тој.

Осврнувајќи се и на процесот на одделување на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), Јункер го рече следното: „Ми причинува болка тоа што долг период од мојата должност го потрошив за Брегзит. Брегзит претставува залудно губење време и енергија.“

Тој укажа на тоа дека доколку претходно новиот преуреден договор не биде одобрен од страна на британскиот Парламент не е можно истиот да биде одобрен и од страна на Европскиот парламент (ЕП) и рече: „Најпрвин Лондон, потоа Брисел и Стразбур.“

Воедно и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по прашањето на Брегзит го рече следното: „Треба да бидеме спремни за секое сценарио. Како што му реков и на британскиот премиер Борис Џонсон разделбата без договор никогаш нема да биде избор на ЕУ.“

Велејќи дека води разговори со лидерите на земји членки по прашањето, Туск додаде дека во тие рамки ќе биде пресудна одлуката којашто ќе ја донесе британскиот Парламент.



Слични вести