Во напади на терористите на ЈПГ/ПКК загинаа тројца војници на Сириската национална армија

Терористите на ЈПГ/ПКК извршија напади врз војниците на Сириската национална армија (СНА) во руралното подрачје на Тел Абјад и во Расулајн во кои загинаа тројца војници сириски опозиционери, а 18 војници се ранети

1292505
Во напади на терористите на ЈПГ/ПКК загинаа тројца војници на Сириската национална армија

Во извршен напад од страна на терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, врз војниците на Сириската национална армија (СНА) кои учествуваат во операцијата Извор на мирот, загинаа тројца војници сириски опозиционери, а 18 војници се ранети.

Продолжуваат прекршувањата на терористите на ЈПГ/ПКК на постигнатиот договор помеѓу Турција и САД со којшто беше направена пауза во операцијата Извор на мирот со цел терористите да се повлечат од подрачјето.

Терористите извршија самоубиствен бомбашки напад со возило бомба врз војниците на Сириската национална армија (СНА) кои се наоѓаа во нивните позиции во руралното подрачје на Тел Абјад на сириска страна од границата, веднаш наспроти населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа.

Во нападот загинаа тројца војници на Сириската национална армија (СНА), а 10 војници се ранети.

Воедно и во Расулајн на сириска страна од границата, веднаш наспроти населеното место Џејланпинар, за време на активностите за пребарување од страна на војниците на Сириската национална армија (СНА) експлодира експлозив од рачна изработка поставен од стана на терористите при што и во овој напад се ранети 8 мина војници на Сириската национална армија (СНА).

Инаку, од редовите на Сириската национална армија (СНА) која учествува во операцијата Извор на мирот од 9 октомври досега загинаа 84 војници, а 310 војници се ранети.

Продолжуваат активностите на војниците на Сириската национална армија (СНА) за пребарување во ослободените населени места и по патиштата.



Слични вести