САД за една година бројот на своите војници во Авганистан го намалиле за 2.000

Командантот на Мисијата на САД во Авганистан генерал Остин Скот Милер истакна дека во последната една година откако ја презел должноста бројот на војниците во Авганистан е намален за околу 2.000.

1292267
САД за една година бројот на своите војници во Авганистан го намалиле за 2.000

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер кој вчера допатува во изненадна посета на Авганистан, во главниот град Кабул одржа заедничка прес конференција со командантот на Мисијата на САД во Авганистан генерал Остин Скот Милер.

Овде,  командантот на Мисијата на САД во Авганистан генерал Остин Скот Милер истакна дека во последната една година откако ја презел должноста бројот на војниците во Авганистан е намален за околу 2.000.

Генерал Милер рече: „Можеби многу и не е познато во јавноста, но како дел од процесот на оптимизација, овде бројот на нашите воени сили го намаливме за околу 2.000 војници.“

Потоа изјава во врска со ова прашање пристигна од портпаролот на американските сили во Авганистан полковник Сони Легет кој истакна дека минатата година бројот на американските сили во Авганистан изнесуваше 15.000, а сега изнесува околу 13.000 војници.

Привлекувајќи внимание дека повлечените војници претежно биле од штабот во Кабул, полковник Сони Легет рече дека повлекувањето не се однесува на целосно повлекување од Авганистан, туку е дел од општата оптимизација.

 



Слични вести