Путин и Макрон остварија телефонски разговор посветен на прашањето со Сирија

Според објавеното соопштение од Кремљ, претседателот Путин во телефонскиот разговор со францускиот претсеадтел Макрон разменил мислења во врска со прашањето со Сирија

1292136
Путин и Макрон остварија телефонски разговор посветен на прашањето со Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон остварија телефонски разговор посветен за прашањето со Сирија.

Според објавеното соопштение од Кремљ, претседателот Путин во телефонскиот разговор со францускиот претседател Макрон разменил мислења во врска со прашањето со Сирија.

Во соопштението се истакнува дека двајцата лидери Путин и Макрон разговарале детално за ситуацијата во североисточниот дел на Сирија и ја нагласиле потребата од почитување на територијалниот интегритет на оваа земја.

Во истото соопштение се вели дека Путин го информирал Макрон во врска со активностите на Русија во регионот и се додава следното: „Беа доставени информации во врска со напорите на Русија за воспоставување контакт меѓу инволвираните страни и воспоставувањето на интересите на сите етнички и верски групи во регионот.“

Освен тоа, се истакнува дека во телефонскиот разговор било нагласено значењето од започнување на дијалогот во Сирија, во рамките на Уставната комисија којашто ќе се состане на крајот на овој месец во Женева, под покровителство на Обеиднетите нации (ОН).

Двајцата лидери, Путин и Макрон, исто така разговарале и за последните случувања во Украина и притоа подвлекле дека не постои алтернатива за „пакетот мерки од Минск“ којшто ја претставува основата за решавање на украинската криза.



Слични вести