Предлог од Каренбауер за формирање безбедна зона во северот на Сирија под меѓународна контрола

Германска министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер предложи во северниот дел на Сирија да се формира „безбедна зона под меѓународна контрола“

1292067
Предлог од Каренбауер за формирање безбедна зона во северот на Сирија под меѓународна контрола

Претседателката на Демохристијанската Унија (ЦДУ) и германска министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер во дадената изјава за германската новинска агенција „ДПА“ истакна дека нејзината земја предложува во северниот дел на Сирија да се формира „безбедна зона која ќе биде под меѓународна контрола“.

Каренбауер додаде дека германската канцеларка Ангела Меркел го одобрила овој предлог и дека тоа било доставено до западните сојузници.

Велејќи дека предлогот ќе биде поставен на дневен ред на состанокот на министрите за одбрана на НАТО што ќе се одржи во четврток, во белгискиот главен град Брисел, Каренбауер наведе дека оваа иницијатива ќе биде логична за Европа.

Таа рече: „Одговорот на прашањето на што ќе личи ова решение, лежи во формирањето на безбедна зона којашто ќе биде под меѓународна контрола вклучувајќи ги и Турција и Русија, а со цел намалување на затегнатоста таму. Овде, имаме за цел да ја продолжиме борбата против тероризмот и борбата против терористите на ДЕАШ. Една друга од целите пак, е да се продолжи новозапочнатиот уставен процес по одлуката на Обединетите нации (ОН).“

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер истакна дека овој нејзин предлог треба да биде прифатен и од страна на Федералниот Парламент (Бундестагот).

Каренбауер призна дека и покрај тоа што ситуацијата во Сирија влијае сериозно на нејзините сопствени безбедносни интереси, до денеска Германија и Европа ја „следеа ситуацијата само како посматрачи“.



Слични вести