Колумнистка на британски „Де Тајмс“: Ја видов штетата којашто ја причинува ПКК врз Турците и Курдите

Колумнистката на британскиот весник "Де Тајмс" Сара Тор го изнесе својот револт против едностраниот приод кај британската јавност кон операцијата на Турција „Извор на мирот“

1292714
Колумнистка на британски „Де Тајмс“: Ја видов штетата којашто ја причинува ПКК врз Турците и Курдите

Колумнистката на британскиот весник „Де Тајмс“ („The Times“) Сара Тор во својот денешен број на весникот го објави својот напис под наслов „Зошто веќе не можам да молчам во врска со Турција која влезе во Сирија?“

Сара Тор во оваа своја колумна го изнесе својот револт против едностраниот приод кај британската јавност кон операцијата на Турција „Извор на мирот“. 

Велејќи дека размислувањата кои што ги пренесува на хартија би можеле да ја постават на мета, Сара Тор во својата колумна вели: „Меѓутоа, во Велика Британија наоколу кружат наоколу безброј погледи коишто ја надминуваат границата и јас не можам повеќе да го држам мојот јазик по ова прашање.“

Таа нагласува дека ЈПГ, која е огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во Велика Британија се презентира само од видот „Мали добри Курди кои војуваат за одбрана на Западот“ и го изнесува коментарот дека „Тие војуваат за територија и затоа се спасуваат од сето она коешто ќе им излезе на пат пред нив.“

Подвлекувајќи дека на оваа ситуација треба да се погледне и од страна на Турција, Сара Тор истакнува дека тероризмот е неприфатлив.

Тор во нејзиниот напис напоменува дека ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која 40 години како предизвикува хаос и смрт во Турција и пишува вака: „Голема е веројатноста ПКК/ЈПГ/СДФ во Сирија со територијата под своја контрола и повеќе по пат на тероризам, да ја принуди турската влада да даде дел од територијата на Турција. Јас лично од прва рака ја видов штетата којашто ја причинува ПКК и врз Турците и врз Курдите и апсолутно постои потреба од безбедна зона.“

Јас лично сум ја видел штетата и тагата предизвикана од ПКК.

Колумнистката на британскиот весник „Де Тајмс“ („The Times“) Сара Тор, во својот напис се осврнува и на тоа дека ситуацијата е испомешана и ја изнесува следната констатација: „Странците, пред да донесат одредена пресуда треба најпрвин да ги земат во предвид историските и крајните политички цели. Западњаците многу лесно елементите на ЈПГ/ПКК ги сметаат за безопасни спасители.“

 



Слични вести