Доналд Трамп: Доаѓаат добри вести од североисточниот дел на Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека доаѓаат добри вести од североисточниот дел на Сирија и дека прекинот на огнот продолжува

1292048
Доналд Трамп: Доаѓаат добри вести од североисточниот дел на Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп пред состанокот на својот кабинет во Белата куќа даде изјави во врска со постигнатиот договор помеѓу Турција и САД минатата недела, во четвртокот, за североисточниот дел на Сирија.

Трамп рече: „Поради судирите на границата (со Сирија) животот ги губат голем број турски граѓани, треба да погледнете и на двете страни.“

Доналд Трамп ја изнесе следната констатација: „Доаѓаат добри вести, прекинот на огнот продолжува. Поради судирите на границата животот го губат голем број турски граѓани, треба да погледнете и на двете страни.“

Критикувајќи ја и политиката кон Сирија во времето на поранешниот претседател Барак Обама, Трамп рече: „ДЕАШ во тој период беше насекаде. Нив ги фатив јас. Знам многу повеќе од вас или од лажните научници.“

Трамп алудирајќи на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, продолжи со следните зборови: „На Курдите не им ветивме дека таму ќе останеме уште 400 години.“

Истакнувајќи дека и покрај некои судири од мал обем прекинот на огнот во североисточниот дел на Сирија се зачувува, Доналд Трамп рече: „Курдите излегуваат од безбедната зона,  се повлекуваат во местата коишто се безбедни за нив. Безбедната зона е нешто добро. “

Трамп наведе дека и американските војници продолжуваат да излегуваат од Сирија, а воедно додаде дека ќе продолжат да ја следат и ситуацијата со припадниците на ДЕАШ.

Во врска со тоа пак, дали во процесот на повлекување во Сирија ќе бидат оставени некои војници во подрачјето, американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Не мислам дека има потреба од тоа. Не сакам да оставам војска овде. Тоа се многу опасни територии.“



Слични вести