ЕУ ги разгледува следните чекори за Брегзит, по барањето на Џонсон за негово повторно одложување

Портпаролката на ЕК Мина Андреева истакна дека откако е добиено писмото на В. Британија со барање за одложување на Брегзит, претседателот на Европскиот совет (ЕС) Доналд Туск ги започна консултативните разговори со лидерите на 27 земји членки на Унијата

1291929
ЕУ ги разгледува следните чекори за Брегзит, по барањето на Џонсон за негово повторно одложување

Европската унија (ЕУ) го започна процесот за усвојување на Договорот за Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ) којшто е наново преуреден по минатонеделниот постигнат нов договор со Велика Британија.

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Мина Андреева која говореше на дневниот состанок на печатот, соопшти дека откако е добиено писмото на Велика Британија со барање за одложување на Брегзит, претседателот на Европскиот совет (ЕС) Доналд Туск ги започна консултативните разговори со лидерите на 27 земји членки на Унијата.

Подвлекувајќи дека, Европската унија (ЕУ) одблизу ги следи случувањата во Велика Британија, Андреева рече: „Чекаме Лондонската управа да обезбеди јасност по прашањето на чекорите коишто ќе бидат фрлени.“

„Од страна на ЕУ е започнат процесот на ратификување на договорот“- рече Андреева и напомена дека главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние во овие рамки ги информира и амбасадорите и Европскиот парламент (ЕП).

Инаку, британскиот премиер Борис Џонсон и покрај неговото ветување дека на 31 октомври ќе ја извади својата земја од ЕУ, достави барање до Брисел за одложување на Брегзит за уште 3 месеци. 

Џонсон кој побара одложување на Брегзит до 31 јануари 2020 година, не го потпиша писмото и во едно друго писмо коешто го испрати до Брисел појасни зошто едно ново одложување претставува „лоша идеја“.

Доколку британскиот премиер Борис Џонсон успее да овозможи постигнатиот договор со Европската унија (ЕУ) да помине од Парламентот до 31 октомври, ќе нема потреба од нови одложување. Меѓутоа, доколку Парламентот не даде одобрение на договорот или доколку го одбие барањето за одложување, Велика Британија на крајот на овој месец ќе се оддели од ЕУ без договор.



Слични вести