Британскиот премиер Борис Џонсон со писмо до ЕУ побара одложување на Брегзит за уште 3 месеци

Британскиот премиер Борис Џонсон во ова свое писмо кое што го испрати до Брисел и покрај тоа што претходно вети дека на 31 октомври ќе обезбеди неговата земја да излезе од ЕУ, побара одложување на Брегзит за уште 3 месеци (до 31 јануари 2020 година)

1291162
Британскиот премиер Борис Џонсон со писмо до ЕУ побара одложување на Брегзит за уште 3 месеци

Британскиот премиер Борис Џонсон напиша писмо до Европската унија (ЕУ) согласно законската процедура според која во случај на неприфаќање на Договорот за Брегзит во Парламентот британската влада останува принудена до 19 октомври 23:00 часот да побара ново одложување од Брисел.

Џонсон во ова свое писмо кое што го испрати до Брисел и покрај тоа што претходно вети дека на 31 октомври ќе обезбеди неговата земја да излезе од Европската унија (ЕУ), побара одложување на Брегзит за уште 3 месеци.

Борис Џонсон побара одложување на Брегзит до 31 јануари 2020 година и не го потпиша ова свое писмо.

Освен тоа, британскиот премиер Борис Џонсон во едно друго писмо коешто го испрати до Брисел појасни зошто новото одложување претставува „лоша идеја“.

Џонсон во писмото го напиша следното: „Отворено ги изнесов моите погледи во однос на тоа дека едно друго одложување ќе им наштети на интересите на Велика Британија и нашите ЕУ партнери и на нашите меѓусебни односи. Треба да преминеме на следната фаза и да го водиме овој процес до соодветен резултат за да би воспоставиле еден нов однос над темелите на нашата долга историја како соседи и другари на овој континент којшто го споделуваат нашите народи.“

Во меѓувреме, и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во соопштението коешто го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Барањето за одложување пристигна. Сега ќе ги започнам консултациите со лидерите на ЕУ по прашањето на тоа како ќе биде одговорено.“

Инаку, доколку британскиот премиер Борис Џонсон успее да овозможи постигнатиот договор со Европската унија (ЕУ) да помине од Парламентот до 31 октомври, ќе нема потреба од нови одложување. Меѓутоа, доколку Парламентот не даде одобрение на договорот или доколку ги одбие барањето за одложување, Велика Британија на крајот на овој месец ќе се оддели од ЕУ без договор.



Слични вести