Заврши лидерскиот самит на ЕУ: Без одлука за Северна Македонија и Албанија

По дводневниот лидерски самит на Европската унија (ЕУ) во Брисел, претседателот на Европскиот совет (ЕС) Доналд Туск и претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер одржаа заедничка прес конференција

1290667
Заврши лидерскиот самит на ЕУ: Без одлука за Северна Македонија и Албанија

Заврши дводневниот лидерски самит на Европската унија (ЕУ) во главниот град на Белгија, Брисел, на кој шефовите на држави или претседателите на влади на 28 земји членки на ЕУ разговараа за низа различни прашања меѓу кои беа и како Брегзит, Турција, проширувањето т.ј. преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија и буџетот.

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Доналд Туск и претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер чиј мандат е при крај, на крајот на последниот лидерски самит на кој учествуваа одржаа заедничка прес конференција.

Туск:„ЗемјитечленкинаЕУ паднааиспит“

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Доналд Туск истакна дека лидерите не можеа да постигнат договор по прашањето на започнување на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.

Велејќи дека тоа е грешка, Туск додаде: „Всушност многу ми е срам. Додека минатата вечер овие две земји успешно го поминаа испитот, земјите членки (на ЕУ) паднаа на испит.“

Доналд Туск додаде дека лидерите на Европската унија (ЕУ) на Самитот кој ќе се одржи во декември повторно ќе разговараат прашањето за проширување.

Јункер:„ЕУтребадагиисполни своите ветувања“

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер исто така истакна дека е многу разочаран поради тоа што не е постигнат напредок по прашањето на проширувањето.

Нагласувајќи дека тоа би можело да се оцени како историска грешка, Јункер додаде:„Доколку ЕУ сака да биде почитувана треба да ги исполни своите ветувања.“



Слични вести