Продолжуваат нападите на Асадовиот режим врз цивилните населени места во подрачјето на Идлиб

Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија вчера реализираа нови напади од воздух и копно врз цивилните население места на фронтовата линија на вооружените опозиционери во подрачјето на градот Идлиб

1290323
Продолжуваат нападите на Асадовиот режим врз цивилните населени места во подрачјето на Идлиб

Режимот на Бешар Асад во Сирија и неговиот поддржувач Русија продолжуваат да реализираат воздушни и копнени напади врз фронтовата линија на вооружените опозиционери, каде што се наоѓаат цивилни населени места во зоната за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија вчера реализираа нови напади од воздух и копно врз цивилните население места на фронтовата линија на вооружените опозиционери во подрачјето на градот Идлиб.

Режимските сили реализираа напади од воздух и од копно врз населеното место Кефренбил, месноста Кеферума и селата Мартитирме и Маретасин во подрачјето на Идлиб, а воедно извршија напади со барел бомби и врз стратешкото село Кебине и ридот над него, во северозападното рурално подрачје на градот Латакија.

Опсерваторијата за авиони на опозиционерите на своите сметки на социјалната медија ја сподели информацијата дека воени авиони на Русија реализираа воздушни напади врз селата Кефер Сеџне, Рекаја и Нукејер во подрачјето на Идлиб.

Како што се дознава во овие реализирани напади од воздух и од копно немало загинати или ранети.



Слични вести