За оцрнување на операцијата Извор на мирот злоупотребена и снимката со палестинското девојче Темими

Во рамките на обидите кои што се водат на социјалните медиуми за оцрнување на операцијата Извор на мирот, се злоупотребени и снимките на „храброто палестинско девојче“ Ахед ед-Темими кое стана симбол на палестинскиот отпор против израелската окупација

1289850
За оцрнување на операцијата Извор на мирот злоупотребена и снимката со палестинското девојче Темими

Продолжуваат обидите на поддржувачите и приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК за ширење на лажни вести и манипулација и дезинформација во врска со операцијата Извор на мирот којашто е започната со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира на јужната граница на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот.

Во рамките на обидите кои што се водат поготово на социјалните медиуми за оцрнување на операцијата Извор на мирот, се злоупотребени и снимките на „храброто палестинско девојче“ Ахед ед-Темими кое стана симбол на палестинскиот отпор против израелската окупација.

На тој начин обидите на приврзаниците и поддржувачите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК за манипулација, дезинформација и ширење лажни вести на социјалните медиуми, со објавување на снимки коишто всушност биле снимени за време на различни други настани, во различни места и во различни времиња, продолжија со снимките со кои „малото храбро палестинско девојче“ Темими стана симбол и ја доби и наградата за храброст „Ханзала“.

Еден профил на социјалните медиуми ги објави снимките на отпорот што го покажа малото палестинско девојче Ахед ед-Темими во 2012 година, против израелските војници за време на приведувањето на нејзиниот брат.

Оваа многу добро позната снимка беше објавена од страна на приврзаниците и поддржувачите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со тоа што врз израелскиот војник со монтажа беше поставено турско знаме.

 



Слични вести