Трамп: ПКК од аспект на тероризмот и терористичката закана е полоша од ДЕАШ

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека ПКК од аспект на тероризмот и терористичката закана е полоша од ДЕАШ

1289379
Трамп: ПКК од аспект на тероризмот и терористичката закана е полоша од ДЕАШ

Американскиот претседател Доналд Трамп по остварената средба со италијанскиот претседател Серџио Матарела одржа заедничка прес конференција во Белата куќа.

Овде Трамп истакна дека ПКК од аспект на тероризмот и терористичката закана веројатно е полоша од ДЕАШ.

На прашањето Дали е зачуден поради започнувањето на операцијата Извор на мирот којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, американскиот претседател Доналд Трамп одговори со зборовите: „Одлуката на (претседателот Реџеп Тајјип) Ердоган мене не ме зачуди. Долго време сакаше да го напраи тоа, долго време натрупуваше војници на границата со Сирија.“

Потсетувајќи дека ги повлекле своите војници во северниот дел на Сирија, Трамп рече: „(Турција и ЈПГ/ПКК) Долго време војуваат. Ова е границата на Сирија. И јас прашувам зошто ги браниме териториите на една земја (Сирија) која не ни е пријател. И Сирија има врска со Курдите и тие (ЈПГ/ПКК) не се ангели.“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја изнесе и следната констатација: „Од бројни аспекти ПКК, од поглед на тероризмот и терористичката закана, веројатно е полоша од ДЕАШ.“

„Ние треба да стоиме добро со членките на НАТО и Турција е членка на НАТО.“ - рече Трамп.



Слични вести