Макрон не можел да ја сфати врската помеѓу терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски продолжеток ПЈД

На одржаната заедничка прес конференција помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон беше ставено до знаење дека Макрон не можел да ја сфати врската помеѓу ПКК и сириски ПЈД кои всушност се едно исто

1289445
Макрон не можел да ја сфати врската помеѓу терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски продолжеток ПЈД

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, по одржаниот заеднички состанок на владите на двете земји во францускиот град Тулуз одржаа и заедничка прес конференција.

Од оваа прес конференција стави до знаење дека францускиот претседателот Емануел Макрон всушност не можел да ја сфати врската помеѓу сепаратистичко-терористичката организација ПКК и ПЈД, нејзиниот продолжеток во Сирија.

Така германската канцеларка Ангела Меркел во своето обраќање рече: „Го земаме за сериозно тоа што Турција е домаќин на 3,6 милиони бегалци. Знаеме дека овој проблем е многу значаен и дека Турција презема голем товар.“

Меркел застана во одбрана на тоа дека Турција треба да ја заврши операцијата Извор на мирот (којашто ја реализира со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира на нејзината јужна рганица и да се донесе мир и спокојство во регионот, а воедно тврдеше дека оваа операција ќе обезбеди повторно да се појави терористичката организација ДЕАШ.

Францускиот претсеадтел Емануел Макрон во својот говор исто така се осврна на операцијата Извор на мирот во врска со што го изнесе следното тврдење: „Од една страна има милициски сили блиски со ПКК и тие се терористи, од друга страна има борци (ЈПГ), тие не се приврзани кон ПКК и ни помогнаа во борбата (против ДЕАШ) во Сирија. Овие две групи треба да се држат одделно една од друга.“ 

Овие зборови ставаат до знаење дека францускиот претседател Емануел Макрон не можел да сфати дека ПКК и ПЈД чии дури и таканаречени раководители се состојат од исти имиња, се всушност една иста сепаратистичко-терористичка организација.



Слични вести