Почнува лидерскиот самит на ЕУ во Брисел: Северна Македонија и Албанија во фокусот на вниманието

Утре во Брисел ќе започне дводневниот Самит на лидерите на 28 земји членки на Европската унија (ЕУ) на кој меѓу темите за кои ќе се дискутира ќе биде и започнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија

1289358
Почнува лидерскиот самит на ЕУ во Брисел: Северна Македонија и Албанија во фокусот на вниманието

На утрешниот лидерски самит на Европската унија (ЕУ) во главниот град на Белгија, Брисел, ќе се состанат шефовите на држави и претседатели на влади на 28 земји членки на Унијата.

Според програмата на лидерскиот самит кој ќе с еодржи во текот на два дена, на 17 и 18 октомври (утре и задутре), меѓу точките на дневниот ред на лидерите ќе се најдат процесот на Брегзит т.ј. одделувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), климатските промени, приоритетите на новоизбраната Европска комисија (ЕК) за која се предвидува да стапи на должност на 1 ноември и финансиските прашања.

Лидерите, ќе разговараат за актуелните случувања во надворешната политика, а исто така се очекува да дискутираат и за операцијата Извор на мирот којашто е започната со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира на јужната граница на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот, како и за активностите на Турција за истражување на јаглеводородни извори и дупчење во Источниот Медитеран.

Друг наслов за кој ќе разговараат лидерите во сферата на надворешната политика ќе биде и започнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

Од друга страна, лидерите на 28 земји членки на Европската Унија (ЕУ) ќе ја одобрат и претседателската функција на Кристин Лагард како нов шеф на Европската централна банка (ЕЦБ), а ќе ја разгледат и повеќегодишната финансиска рамка за буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027 година.

Актуелната финансиска рамка на Европската унија (ЕУ) во износ од приближно 1 трилион евра го опфаќа периодот 2014-2020.



Слични вести