Лавров: Ги признаваме легитимните интереси на Турција за воспоставување на сопствената безбедност

„Секогаш велиме дека ги признаваме легитимните интереси на Турција за воспоставување на безбедноста на сопствените граници“ - изјави рускиот министер за надворешни работи Лавров на состанокот на шефовите на службите за разузнавање и безбедност во Сочи

1289351
Лавров: Ги признаваме легитимните интереси на Турција за воспоставување на сопствената безбедност

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на шефовите на службите за разузнавање и безбедност во градот Сочи направи проценка во врска со последната состојба во Сирија.

Како што изјави Лавров, Русија  секогаш вели дека ги признава легитимните интереси на Турција за воспоставување на безбедноста на сопствените граници.

Нагласувајќи дека се залагаат за воспоставување на практична соработка помеѓу Дамаск и Анкара на основа на Договорот од Адана од 1998 година, Лавров рече: „Секогаш велиме дека ги признаваме легитимните интереси на турските сили за воспоставување на безбедноста на сопствените граници.

Осврнувајќи се и на прашањето на дијалогот помеѓу Анкара и Дамаск, Сергеј Лавров истакна дека неговата земја е спремна да помогне во дијалогот што ќе биде воспоставен помеѓу двете страни, а како што напомена доколку во практика на теренот, турската и сириската војска ги утврдат конкретните параметри по прашањето на соработката. 

Рускиот министер за надворешни работи Серггеј Лавров напомена дека Русија ќе делува во правец на меѓународните правила и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

Лавров воедно соопшти дека за време на посетата којашто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе ја оствари на Русија кон крајот на овој месец, на средбата со рускиот претседател Владимир Путин ќе се разговара за прашањето со Сирија.



Слични вести