Исповед од Могерини: Групата која Турција ја смета за терористичка ЕУ не ја смета за таква

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини призна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК која одзеде илјадници животи во Турција, од страна на ЕУ не се смета за „терористичка организација“

1288027
Исповед од Могерини: Групата која Турција ја смета за терористичка ЕУ не ја смета за таква

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини на одржаната прес конференција, по состанокот на Советот за надворешни односи на ЕУ се осврна на одлуките коишто се донесени во врска со Турција поради нејзините воени активности во Сирија и активностите за дупчење во Источниот Медитеран. 

Могерини призна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК која одзеде илјадници животи во Турција, од страна на Европската унија (ЕУ) не се смета за „терористичка организација“.

Одговарајќи на прашањето зошто односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) се дојдени до оваа точка, Могерини застана во одбрана на тоа дека Европската унија (ЕУ) секогаш се обидувала да изгради „конструктивни мостови“, но дека тоа секогаш не е можно.

„Односите меѓу Турција и ЕУ не се состојат само од прашања во врска со Сирија и Источниот Медитеран. Турција е значаен сојузник и постојат сфери кадешто можеме да реализираме безброј соработки.“ - рече Могерини и продолжи со следните зборови: „Поминавме низ тешки периоди. Турција помина тешки периоди. Никогаш не треба да го заборавиме обидот за државен удар на 15 јули (2016 година). Односите меѓу Турција и ЕУ не е можно да се опишат како црно-бели. Меѓу страните постои мултидимензионално, повеќенасочно и сложено партнерство.“

По прашањето на взаемните очекувања на Турција и ЕУ една кон друга, Могерини укажа на тоа дека треба да се презентира како што рече „отворен“ став и го подвлече следното : „Како соседи кои ја споделуваме истата географија, треба да бидеме отворени едни кон други и треба да бидеме свесни дека имаме бројни заеднички интереси, вклучувајќи ја и безбедноста на регионот.“

Потсетувајќи дека постојат „несогласувања“ меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини призна дека „групата која Турција ја признава како терористичка организација“, Европската унија (ЕУ) таа група не ја смета за терористичка организација, а воедно застана во одбрана на тоа дека заедничката борба треба да се фокусира на терористичките организации кои се признати како такви од страна на Обединетите нации (ОН).



Слични вести