Дезинформација и лага од американски телевизиски канал во врска со операцијата Извор на мирот

Американскиот телевизиски канал „ABC“ објави снимки кои што ги прикажа како да се снимени од операцијата Извор на мирот, а кои всушност се снимени за време на презентација на оружје во 2017 година во САД

1288004
Дезинформација и лага од американски телевизиски канал во врска со операцијата Извор на мирот

Додека продолжува операцијта Извор на мирот којашто е започната со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира на јужната граница на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот, продолжуваат и активностите за дезинформација, манипулација и ширење на лажни вести во врска со операцијата.

Заедно со започнување на операцијата Извор на мирот која што успешно напредува, како во социјалните медиуми така и во другите средства за информирање, продолжуваат да се објавуваат фотографии и видео снимки коишто биле сликани и снимени всушност за време на различни настани, во различни места и во различни времиња, со што продолжуваат и обидите за дезинформација, манипулација и ширење на лаги.

Овојпат американскиот телевизиски канал „ABC“ објави снимки кои што ги прикажа како да се снимени од операцијата Извор на мирот, а кои всушност се снимени за време на презентација на оружје.

На оваа емитувана видео снимка се гледаат силни експлозии кои се снимени за време на една презентација  на оружје во 2017 година во САД и овие експлозии се прикажуваат како да се снимени за време на операцијата Извор на мирот со што се шири дезинформација и се манипулира со јавноста.

На инфобарот со видеозаписот стоеше пораката „Масакр во Сирија", додека водителот во таа прилика рече: „На видеоснимката се гледа како турската војска бомбардира курдски цивили во пограничното место во Сирија. Доаѓаат вести како војниците кои ги поддржува Турција вршат страшно насилство врз Курдите, американските сојузници, кои војуваат против ДЕАШ".

Меѓутоа, вистината е различна и е докажано дека видео оваа снимка користена на тој амерински канал е од една презентација на оружје во 2017 година во САД.

Докажано е дека американскиот телевизиски канал „ABC" пред да ја искористи видео  снмката, со монтажа ги отстранил луѓето од снимката кои го снимиле со мобилни телефони моментот на експлозиите.



Слични вести