Трамп: ЈПГ/ПКК со пуштање на терористите на ДЕАШ можеби се обидува да не инволвира и нас

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека ЈПГ/ПКК можеби ги пуштила од затвор терористите припадници на ДЕАШ за да би биле инволвирани и САД

1287936
Трамп: ЈПГ/ПКК со пуштање на терористите на ДЕАШ можеби се обидува да не инволвира и нас

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со случувањата во северниот дел на Сирија. 

Трамп истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК можеби ги пуштила од затвор терористите припадници на ДЕАШ во Сирија за да би биле инволвирани и Соединетите Американски Држави (САД).

Одговарајќи на критиките во внатрешната политика, Доналд Трамп се осврна на операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК поддржана од САД.

Трамп запраша: „Зарем има такви кои мислат дека ќе војуваме против Турција која е членка на НАТО?“

Тој направи проценка на вестите околу тоа дека избегале терористите припадници на ДЕАШ од затворот во северниот дел на Сирија и за тоа ја обвини Европа.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Европа можеше да ги земе своите борци кои и се приклучиле на ДЕАШ, меѓутоа не сакаа да ги преземат трошоците за тоа. Чекаа од нас. Можеби ЈПГ/ПКК пушта на слобода дел од нив за да не вклучи (инволвира) и нас.“



Слични вести