Снимки на затворот во Тел Абјад од кој терористите на ПКК/ЈПГ ги ослободиле терористите на ДЕАШ

Според информациите добиени од безбедносни извори, установено е дека затворот во Тел Абјад каде што  Турција беше подготвена да ја преземе контролата, бил празен

1288002
Снимки на затворот во Тел Абјад од кој терористите на ПКК/ЈПГ ги ослободиле терористите на ДЕАШ

Се појавија снимки на затворот во центарот на населеното место Тел Абјад во Сирија кој беше под окупација на терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ, а од кој терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ ги ослободиле припадниците на терористичката организација ДЕАШ.

Според информациите добиени од безбедносни извори, установено е дека затворот во Тел Абјад каде што  Турција беше подготвена да ја преземе контролата, бил празен.

Затворот бил целосно испразнет од терористите на ДЕАШ и привлече внимание тоа што се отворени вратите на објектот обиколен со високи ѕидови.

Во затворот кој бил напуштен од терористите на ЈПГ, на снимките беа забележани пронајдени постери на челникот на терористичка организација, како и различни документи.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјава во врска со прашањето ги употреби следните зборови: „Кога отидовме во затворот на ДЕАШ, видовме дека бил испразнет од терористите на ЈПГ и дека биле ослободени (пуштени да избегаат) припадниците на ДЕАШ кои се наоѓале таму.“

 



Слични вести