Марк Еспер: Не можеме да започнеме војна против нашиот НАТО партнер, Турција

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер рече: „Не можеме да започнеме војна против Турција која е наш долгогодишен партнер во НАТО, која војуваше заедно со нас од Кореја до Авганистан. За нас не станува збор за една ваква состојба.“

1287265
Марк Еспер: Не можеме да започнеме војна против нашиот НАТО партнер, Турција

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер во програмата на „Фокс Њуз“ („Fox News“) направи проценка на операцијата на Турција Извор на мирот која ја започна на 9 октомври, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Еспер во врска со операцијата којашто ја започна Турција против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во североисточниот дел на Сирија рече: „Не можеме да започнеме војна против Турција која е наш долгогодишен партнер во НАТО, која војуваше заедно со нас од Кореја до Авганистан. За нас не станува збор за една ваква состојба.“

Појаснувајќи дека „Турција ги вовлекла (оставила) во многу лоша состојба“, Марк Еспер продолжи со следните зборови: „И покрај нашите приговори, сега Турците знаеме дека ќе ги прошират своите операции уште понадолу од длабочината на која имаа намера на почетокот да слезат и кон запад и кон исток, што пак тоа нивната безбедна зона ќе ја зголемат подлабоку од 30 километри и во широчина од приближно 440 километри. Истовремено гледаме дека и Сириските демократски сили (СДФ) во последните 24 часа склучуваат договор со Русите и Сиријците (режимот на Бешар Асад). Тоа пак, војниците на САД ги остава помеѓу армијата на Сирија и Русија кои се движат кон север и турската армија која напредува кон југ. Тоа нас не вовлекува (остава) во многу лоша состојба и безбедноста на нашите војници е приоритетно за мене.“

Еспер велејќи дека ситуацијата во северниот дел на Сирија ќе придобие искомплицирана состојба ја изнесе следната констатација: „Разговараме за разградување со силите на теренот и безбедно повлекување на нашиот мал број војници од подрачјето. Овде не сакам да дадам одреден календар, настаните таму се менуваат секој час.“

Марк Еспер истакна дека САД не можат да ги спречат турските сили составени од 15 илјади војници поддржани од механизирани сили, топовски единици и воздушни елементи, а воедно додаде дека се обиделе да ја убедат Турција за време на преговорите и дека мислеле оти постигнале напредок по ова прашање, но дека виделе дека тоа не било така.

Подвлекувајќи дека борбата на Турција против ПКК датира долги години, Еспер наведе дека тогаш кога постигнаа договор со ЈПГ/ПКК по прашањето на ДЕАШ, Турција уште од почетокот го протестираше тоа.

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер појасни дека функционерите на САД на разговорите со своите турски колеги биле свесни за одлучноста на Турција и рече: „Проценивме дека не треба да ги поставиме американските сили пред напредувањето на Турција.“



Слични вести