Светските медиуми веста за започнување на операцијата Извор на мирот ја објавија како ударна вест

Светските медиуми веста за започнување на операцијата Извор на мирот од страна на Турција источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, ја објавија како ударна вест

1285064
Светските медиуми веста за започнување на операцијата Извор на мирот ја објавија како ударна вест

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) заедно со Сириската национална армија (СНА) ја започнаа операцијата Извор на мирот против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Светските медиуми почеокот на операцијата ја објавија како ударна вест.

Британскиот глобален нформативен сервис „BBC“ („Би-Би-Си“), алудирајќи на пораката којашто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во однос на тоа дека операцијата е започната го соопшти следното: „Турција која вели дека ќе формира безбедна зона на границата со Сирија, започна операција.“

„Скајњуз“ („Skynews“) пак, соопшти дека операцијата започна споделувајќи ја притоа и пораката на претседателот Ердоган „Нашата цел е да го уништиме терористичкиот коридор за којшто се водат обиди да се формира јужно од нашата граница и да донесеме мир и спокојство во регионот“.

„Ен-Би-Си-Њуз“ („NBCNews“) со седиште во Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека по повлекувањето на американските војници од подрачјето Турција ја започна операцијата во Сирија.

Весникот „Вашингтон пост“ („Washington Post“) истакна дека операцијата за којашто се чекаше долго време на границата е започната со пораката објавена од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“ („France 24“) во споделената најнова вест на својата сметка на социјалната медија истакна дека претседателот Ердоган соопшти дека операцијата започна.

Весникот „Индепенднт“  („Independent“) информира дека турските војници реализираа интензивен трансфер во пограничниот појас и потсети дека претседателот на САД Доналд Трамп ги повлече 50-те американски војници. 

Шпанскиот весник „Ел Паис“ („El País“), информацијата "Турција започна операција на северот на Сирија"ја сподели како флеш вест. Освен тоа, беше истакнато и тоа дека цел на операцијата е да се елеминира терористичкиот на јужната граница на Турција. 

Американскиот телевизиски канал „Си-Ен-Ен“ („CNN“) пак, во својата објава на социјалната медија Твитер му оддели место на соопштението на претседателот Ердоган. Истовремено потсети дека операцијата започна по неколку дена откако САД истакнаа дека ги повлекоа своите единици.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“ („Al Jazeera“) во својата вест под наслов: „Турско-сириската граница: Најпоследни ажурирања“ информира дека Турција започна операција за формирање безбедна зона.



Слични вести