Поддршка од Шпанија на операцијата на Турција

Поддршката на Турција има за цел да се даде придонес во намалувањето на тензиите на границите на Алијансата

1285491
Поддршка од Шпанија на операцијата на Турција

Шпанија изрази поддршка на операцијата „Извор на мирот“ на Турција чија цел е уништување на терористичкиот коридор кој се обидува да се формира на нашата јужна граница и да се воспостави мир и спокојство во регионот.

Одреден период пред започнувањето на операцијата „Извор на мирот“ од страна на Турските вооружени сили (ТВС) против терористичките гнезда вгнездени источно од Еуфрат, Шпанија изрази поддршка на операцијата.

Во објавата што беше споделена преку социјалната мрежа твитер на шпанската НАТО делегација во врска со операцијата беше објавена следната порака: „Поддршката на Турција има за цел да се даде придонес во намалувањето на тензиите на границите на Алијансата“.

Големо внимание привлече податокот дека во објавата беше додадена и официјалната адреса на НАТО на твитер.

Во пораката во која беа употребени знамињата на Турција и Шпанија беше напишано следното „We Are NATO“ (Ние сме НАТО) а исто така беа употребени и фотографии од операцијата „Извор на мирот“.



Слични вести